19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМаск самоуверен: Автономни возила до крајот на 2022 година

Маск самоуверен: Автономни возила до крајот на 2022 година

Сопственикот на Тесла, Илон Маск, изјави дека неговата цел е неговата компанија да развие технологија која ќе овозможи електричен автомобил да вози сам до крајот на годината, и дека може да биде на продажба во САД, веројатно и во Европа, во зависност од одобрението на регулаторните тела.

„Двете технологии на кои сум фокусиран, а кои се обидувам да ги завршам пред крајот на годината, се да ја испратиме нашата ракета во орбитата, а потоа да направиме автомобили на Тесла што ќе можат да возат автоматски“, рече Маск на енергетската конференција во Ставангер, Норвешка, објави Ројтерс.

Меѓу другото, тој рече дека неговата цел е до 2025 година повторно да има човек на Месечината.

На прашањето дали Норвешка треба да продолжи со дупчење за гас и нафта, Маск рече дека е потребно дополнително истражување во овој момент.

„Еден од најголемите предизвици со кои се соочил светот е транзицијата кон одржлива енергија и одржлива економија. Ќе бидат потребни децении за да се постигне тоа“, рече Маск.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП