2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНАСА потврди: Следниот обид за лансирање на Артемис е закажан за сабота

НАСА потврди: Следниот обид за лансирање на Артемис е закажан за сабота

Подгответе ги вашите места – НАСА планира повторно да ја лансира ракетата Space Launch System (SLS) за сабота, 3 септември, потврдија од вселенската агенција за The Verge.

Да потсетиме дека првиот обид за лансирање пропадна на 29 август откако се појавија проблеми со моторот број 3, односно кога беше утврдено дека тој не ја достигна саканата температура и не е во најдобра синхронизација со другите мотори. Новиот обид првично се шпекулираше дека ќе биде закажан за 2 септември, но лансирањето беше одложено за сабота поради лошите временски услови.

Двочасовното лансирање е закажано за 20:17 часот по ET од вселенскиот центар Кенеди во Флорида.

Инаку, SLS е најмоќното летало што некогаш го развила НАСА и ќе биде основата на нејзиниот проект Artemis, чија цел е да ги врати луѓето на површината на Месечината по 50 години. Нејзината задача ќе биде да ја однесе капсулата Орион, далеку, далеку од Земјата.

Капсулата е без посада за оваа демонстрација, но под претпоставка дека целиот хардвер работи правилно, астронаутите ќе ја користат за сè покомплексни вселенски мисии почнувајќи од 2024 година. Според планот, мисијата ќе трае шест недели, а на висина помала од 4.000 километри од Земјата, Орион ќе се одвои од ракетата, ќе орбитира околу Месечината уште шест дена, а потоа ќе слета во Тихиот Океан на 11 октомври.

НАСА се соочува со тесен временски период за лансирање на ракетата, бидејќи времето во Флорида е многу динамично во овој период од годината, со чести електрични бури кои минуваат над космодромот.

Ракетата не смее да полета на дожд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП