2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМекдоналдс ги надмина очекувањата

Мекдоналдс ги надмина очекувањата

Earns Mcdonalds

Американскиот ланец за брза храна „Мекдоналдс“ во август оствари за 1,9 проценти поголема продажба во целиот свет во однос на истиот месец од минатата година.

Аналитичарите предвидуваа зголемување за само 0,3 проценти, пренесуваат агенциите.

Продажбата во Европа е зголемена за 3,3 проценти, после очекуваниот пад од 0,1 процент. За подобри резултати допринесе големата побарувачка во Франција.

Во САД продажбата пораснала за 0,2 проценти, иако беше проектирано зголемување од 0,8 проценти. Во азиско-пацифичкиот регион, на Блискиот исток и во Африка имало пад на продажбата од 0,5 проценти, а очекувањата биле еден процент.

Ланецот „Мекдоналдс“ опфаќа повеќе од 34.700 ресторани во 119 земји од светот, а 81 процент од рестораните работат по франшиза.

Акциите на оваа компанија поскапеле од почетокот на годината за 9,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП