25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Honda“ мора да го намали производството за 40 отсто

„Honda“ мора да го намали производството за 40 отсто

Јапонскиот производител на автомобили „Honda Motor“ ќе го намали планираното вкупно производство на автомобили во тековната фискална година за 40 отсто на почетокот на септември поради проблеми во синџирите на снабдување и логистиката, јавува новинската агенција „Reuters“.

Пред оваа одлука, компанијата долго време беше оптимист дека се подобрува состојбата со недостигот на чипови, кој веќе неколку пати влијаеше на намалување на производството.

Во фабриката во префектурата Саитама, северно од Токио, на почетокот на септември производството на автомобили ќе се намали за 40 отсто, а во друга фабрика во Сузуки, на западот на земјата, за 30 отсто, ја резимира „Reuters“ најавата на јапонската компанија.

„Honda“ веќе беше принудена да го коригира производствениот план во мај.

Во „Toyota“, најголемиот ривал на „Honda“, тие продолжуваат да ја постигнуваат целта за рекордно глобално производство – 9,7 милиони возила во тековната финансиска година, која вообичаено завршува во март 2023-та година.

Според прогнозите, само во септември се очекува производство на околу 850.000 возила, а планираат да го зголемат производството до ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП