28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако до хидрирана кожа за краток период?

Како до хидрирана кожа за краток период?

Добро хидрираната и сјаjна кожа е нешто што сите го посакуваме. Но многу често се случува да имаме нарушена бариерна функција на кожата, што предизвикува водата да испарува и кожата да ја губи својата влажност, што води до сувост и појава на фини линии или брчки. За тоа влијаат многу фактори – на пример честото миење, прекумерното изложување на сонце, или пак едноставно напредувањето на возраста. Затоа кожата има потреба од ефикaсен хидратант, којшто ги содржи сите неопходни состојки за долготрајна хидратација, а кој кожата одлично го апсорбира. Што не е случај со некои креми кои оставаат масен или леплив слој на површината на кожата, и кои не се апсорбираат целосно во неа.

Со својата лесна текстура, Eucerin®Hyaluron-Filler Ултралесниот хидратантен гел интензивно ја хидрира кожата, а се апсорбира целосно и брзо. Ултралесната гел формула ѝ дава на кожата свежина и долготрајна хидратација. Содржи само 11 состојки, меѓу коишто е и хијалуронската киселина во 3 пати повисока концентрација. Формулата ја помага хидратацијата и ја пополнува кожата одвнатре, со што ги намалува и фините линии. Хијалуронската киселина е докажано ефикасна состојка и долго време се користи во дермокозметиката. Taa природно се создава во кожата, а овозможува одржување на нивото на влагата, привлекување и задржување на вода.

Ултралесниот хидратантен гел e наменет за сите типови кожа вклучително и за чувствителна кожа. Се нанесува лесно, брзо се апсорбира и дава чувство за свежина, без да ја замастува кожата. Провидната формула е збогатена со активни состојки коишто ја хидрираат жедната кожа во следните 24 часа, а лесниот освежувачки мирис го дополнува освежувачкиот ефект.

„Тајната на ефикасноста на гел-бустерот се крие во комбинацијата од висококонцентрирана средно и кратковерижна хијалуронска киселина“, смета Д-р Соња Доневска, дерматолог и медицински советник на Eucerin®. “Средноверижната хијалуронска киселина останува на површината на кожата и таму привлекува и задржува вода. Кратковерижната хијалуронска киселина продира подлабоко во епидермисот и ефикасно ја исполнува кожата одвнатре, што води до намалување на првите знаци на стареење“, вели овој експерт по дермокозметика.

Секојдневна употреба за добро хидрирана, свежа и сјајна кожа

Се препорачува да нанесувате Eucerin®Hyaluron-Filler Ултралесен хидратантен гел секојдневно како втор чекор во негата на Вашата кожа, на добро исчистена кожа, а пред производот за нега. Веднаш ќе ја почувствувате кожата хидрирана и освежена и ефектот ќе продолжи во тек на целиот ден. Со својата нелеплива формула, Eucerin®Hyaluron-Filler Ултралесниот хидратантен гел е идеална основа за шминка. Ви препорачуваме да нанесете Hyaluron-Filler Дневен крем SPF 15 или 30 преку ден, за да ја заштитите кожата од непосредното влијание на сонцето и како заштита од фотостареење. Ако кожата Ви е особено дехидрирана, Ви препорачуваме да нанесете од подхранувачкиот Hyaluron-Filler Ноќен крем после нанесување на гел-бустерот.

Eucerin®Hyaluron-Filler Ултралесен хидратантен гел се предлага за:

· Високоефикасна хидратација на кожата и пополнување на фините линии

· За свежина и долготрајна хидратација на кожата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП