20 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 29.08.2022

Дневен хороскоп 29.08.2022

Овен (21.03 – 20.04)

Ве очекуваат некои одложувања на деловен план, иако сте се надевале дека ќе ги избегнете. Во љубовта ќе бидете многу страствени и ќе сакате да бидете со саканото лице, цел ден.

Бик (21.04 – 21.05)

Не очекувајте дека денес ќе завршите се така лесно и на брзина. Ќе постојат некои мали компликации. Во љубовта ќе ви се допаѓа опуштената атмосфера во односот со саканото лице.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Немојте да се занимавате со важни формални прашања во текот на денешниот ден бидејќи нема да имате премногу среќа. Во љубовта ќе уживате во прегратките на партнерот. Ви следи голема среќа.

Рак (22.06 – 22.07)

Можете да очекувате мали потешкотии на полето за финансии. Можно е некој од пријателите на крај да ви даде позајмица. Доколку имате проблем во контактот со саканото лице, сега може да дојде до мала дистанца.

Лав (23.07 – 22.08)

Бројни деловни обврски чекаат на вас, а вие како да немате доволно сила да ги одработите до крај, пробајте да се сконцентрирате. Во љубовта слободните денес ќе имаат среќен ден, ќе ја пронајдат сродната душа.

Девица (23.08 – 22.09)

Денот не е поволен за склопување на нови деловни договори бидејќи некои работи ќе ви изгледаат подобри од тоа што се, всушност денес ќе имате слаба проценка. На љубовното поле партнерот ќе ви делува ладно.

Вага (23.09 – 22.10)

Немојте да бидете неодговорни, не се коцкајте со својата работа бидејќи многу ќе загубите. Во љубовта ако сте се двоумеле меѓу две различни личности, една од нив на некој начин ќе ви го олесни изборот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Доколку имате приватен бизнис, можно е работите да не испаднат онака како што сте очекувале. На љубовното поле ќе бидете многу променливи, на спротивниот пол тоа нема да му се допадне.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес ќе имате премногу обврски, но успешно ќе се справите со сите. Ќе имате прилично непријатна ситуација со саканото лице. Ќе биде потребно време се да се врати по старо.

Јарец (22.12 – 20.01)

Напорно работевте во претходниот период и сега ви е потребен мал одмор. Дозволете си одмор денеска. Во љубовта ќе имате чувство дека партнерот не ве разбира, всушност дека не ве цени доволно.

Водолија (21.01 – 19.02)

Поведете сметка за своите финансии. Избегнувајте непотребни трошоци и трудете се да заштедите пари. Не се чувствувате сигурно покрај својот партнер.

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе имате впечаток дека постојано сте во движење, дека постојано ви се случуваат некои промени и деќа ви е тешко да се стабилизирате на деловното поле. Во љубовта ќе бидете изненадени од постапките на партнерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП