петок, 31 март 2023
ПочетнаАВТОБИЗКои премиум брендови ги губат најлојалните клиенти? (ИНФОГРАФИК)

Кои премиум брендови ги губат најлојалните клиенти? (ИНФОГРАФИК)

Големите производители трошат огромни суми пари секоја година обидувајќи се да привлечат купувачи, а можеби е лесно да се помисли дека штом ќе се случи тоа, задржувањето на тие клиенти ќе биде многу полесно. Сепак, излегува дека тоа не е така.

Според новото истражување на „S&P Global Mobility“, повеќето луксузни брендови забележуваат пад на лојалноста на клиентите. Целта на истражувањето е да се открие колкав процент од купувачите се враќаат на бренд чиј автомобил го поседувале. Истражувањето го опфаќа периодот од јануари 2020-та година до сега, покажувајќи некои интересни резултати.

Севкупно, луксузниот сегмент забележа пад од 4,5%, но корејскиот производител на автомобили „Genesis“ објави 8,5% зголемување на лојалноста на брендот. Ова е речиси двојно повеќе од растот на „Maserati“ (4,5%), кој е на второто место. Само уште еден бренд – „Tesla“ – известува за позитивна промена на овој индикатор, во овој случај тоа е 4%.

На спротивна страна е „Land Rover“, каде е забележан најсериозен пад од 9,5%. Во првите три, кои се рангирани според падот е и „Porsche“ со 8,5% и американскиот производител „Lincoln“ (-7,9%). Истражувањето, исто така, покажува проблеми во овој поглед за две од водечките германски премиум марки, „Audi“ (-7,3%) и „Mercedes-Benz“ (-7,0), додека падот на „BMW“ е најмал (-2,3%).

Авторите на студијата истакнуваат дека голем проблем за производителите на луксуз е недостигот на делови, што го забавува производството. Богатите клиенти едноставно не се навикнати да чекаат и да менуваат брендови за да можат побрзо да го добијат својот автомобил.

Прогнозите се дека испораките на автомобилската индустрија ќе се вратат во нормала во наредните месеци и повеќето производители ќе имаат шанса да ја надоместат изгубената позиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП