25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПробајте ги овие три рецепти доколку имате проблем со варењето

Пробајте ги овие три рецепти доколку имате проблем со варењето

Ве мачи стомакот и имате проблеми со варењето? Веројатно имате дигестивно нарушување кое е можно да го решите со 3 проверени рецепти. Погледнете како….

Нередовната и неправилна исхрана, стресот, пушењето и некои други заболувања се најчестите предизвикувачи на дигестивно нарушување. Ова е едно од најчестите заболувања во денешницата, а тешкотиите кои се јавуваат се болка и непријатност во стомакот, надуеност, киселини, мачнина, а понекогаш и повраќање.

Една австралиска студија укажа дека зелениот лиснат зеленчук има важна улога во здравјето на органите за варење. Имено, овие намирници ја поттикнуваат активноста на Т-бет генот кој произведува лимфоидни клетки, од типот на имунолошките клетки. Тие го подобруваат варењето и спречуваат размножување на штетните бактерии.

И многу други намирници можат да помогнат да се регулира варењето. Прочитајте ги трите одлични рецепти кои помагаат да ги решите дигестивните проблеми.

За подобрување на варењето можат да се направат разни комбинации од храна. Проверено помагаат овие…

– 50 гр сушени кајсии прелијте ги со топла вода и измешајте ги со 200 мл кефир и зачинете со босилок

– во 200 мл јогурт кој содри пробиотски бактерии додадете 10 гр свеж изрендан ѓумбир, лажица мед и исто толку лимонов сок

– помешајте 150 мл оладена павлака со 50 мл сок од сливи и додадете една лажица мелен ким.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП