20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Lamborghini“ ги распродаде сите модели до 2024-та

„Lamborghini“ ги распродаде сите модели до 2024-та

Италијанскиот производител на спортски автомобили „Lamborghini“ веќе го продаде целото производство до почетокот на 2024-та година, изјави директорот на компанијата за „AFP“.

Подружницата на „Volkswagen“ има „голема побарувачка“ и нарачки за следните 18 месеци, рече Стефан Винкелман.

Богатите клиенти ги купуваат овие луксузни автомобили и покрај глобалните финансиски последици од руската инвазија на Украина, оценува „AFP“.

„Сѐ повеќе се купуваат „Lamborghini“. Бидејќи имаат доверба во брендот, гледаат колку се убави автомобилите, кои што имаат високи перформанси“, рече тој.

„Глобалната економија треба само „да остане малку стабилна“ за да остане така“, додаде тој.

Долгото чекање на примероците се должи на недостигот на делови, особено на чиповите кои се потребни за новите електрични модели.

„Lamborghini“ планира хибридна верзија на секој од своите модели до 2024-та година, а првото целосно електрично „Lamborghini“ се очекува во втората половина на деценијата.

„Тоа е „многу за само две години“ и „работиме колку што можеме најбрзо за да бидеме во тек со вестите и да продолжиме сè да оди на позитивен начин“, рече Винкелман.

На почетокот на август „Lamborghini“ објави дека го има најдоброто полугодие во својата историја, постигнувајќи рекордна продажба и профит. Оперативната маржа достигна 32 отсто, а оперативната добивка е 425 милиони евра од продадени 5.090 автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП