19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Нетфликс“ го објави датумот на продолжението на филмот за кој плати 450...

„Нетфликс“ го објави датумот на продолжението на филмот за кој плати 450 милиони долари

Стриминг-гигантот „Нетфликс“ го соопшти датумот на објавување на продолжението на хитот „Нож во грб“ (Knives Out).

Крими-трилерот со оригинален наслов Glass Onion: A Knives Out Mystery излегува на 23 декември, повторно во режија на Рајан Џонсон, а во главна улога уште еднаш се појавува Даниел Крег како детектив Беноа Блан. Иако деталите за заплетот остануваат тајна, омилениот детектив ќе биде на трага на сосема различна мистерија од оригиналниот филм. Дејствието се одвива во Грција.

Филмот, како и оригиналот, има ѕвездена актерска екипа која ги вклучува Едвард Нортон, Џенел Монае, Лесли Одом Џуниор, Кетрин Хан, Џесика Хенвик, Медлин Клајн, Кејт Хадсон, Дејв Батиста и Итан Хок.

„Нетфликс“ плати неверојатни 450 милиони долари за филмските права на Knives Out за да направи уште две продолженија на трилерот од 2019 година по огромниот успех.

Патем, оваа сума можеби изгледа преголема за релативно мал филм, но првиот Knives Out беше еден од големите хитови од 2019 година, заработувајќи повеќе од 300 милиони долари со инвестиција од 40. Рајан Џонсон беше номиниран за „Оскар“ за најдобро оригинално сценарио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП