25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Lincoln“ ја покажа својата смела визија за иднината (ФОТО/ВИДЕО)

„Lincoln“ ја покажа својата смела визија за иднината (ФОТО/ВИДЕО)

Овој автомобил изгледа како да е дојден од друга планета. Прекрасно е, нели! Всушност, ова се уште не е автомобил, туку концептот „Model L100“, претставен од американскиот бренд „Lincoln“.

Не се знае дали некогаш ќе постои таков автомобил, но ако има – нема да биде за возење. Како целосно автономно возило, идејата е „Lincoln Model L100 Concept EV“ да ги вози патниците во луксузен амбиент. И судејќи според оваа ситуација, овие патници ќе бидат исклучително добро ситуирани и многу богати.

Но, ова е за во иднина, сега освен футуристички изглед, нема податоци за техничките параметри. „Lincoln“ има намера да лансира пет електрични возила до 2026-та година, кои ќе заменат некои од сегашните модели. „L100“ е вториот електричен концепт што „Lincoln“ го покажа оваа година. Првиот беше во април – „Star“.

Возилото е тешко да се категоризира, но исто така ја развива визијата на „Lincoln“ за идната мобилност. Наречен „L100“ во чест на 100-годишнината на компанијата, моделот е и предвесник на идните „Lincoln“ возила и чувар на традицијата. Дизајнерите црпеа инспирација од „Lincoln Model L“ од 1922-ра година, инженерски пробив на своето време создаден откако брендот беше инкорпориран во „Ford“.

Авангардниот изглед на „Model L100“ е непобитен – аеродинамично тело, преклопен покрив, внатрешност без волан и педали и систем кој комбинира лесни елементи и екрани за да создаде посебна атмосфера. А отворањето е уникатно.

Покривот во комбинација со задното стакло е целосно стаклен, а вратите се отвораат спротивно на насоката на движење и заедно со опремата за осветлување учествуваат во програмата „добредојде“, отворајќи го автомобилот како кутија. Систем базиран на вештачка интелигенција ги следи движењата на една личност со помош на сензори и „GPS“. Добредојдената „симфонија“, како што ја нарекува „Lincoln“, продолжува внатре со џиновски дигитален панел вграден во подот, како и друг екран сместен во централниот дел. Автомобилот користи само одржливи материјали како рециклиран велур, како и метална боја и акрилик наместо хром.

Бидејќи концептот засега е само дизајнерска имплементација, компанијата не открива детали за електричниот погон. Само забележува дека „L100“ користи некаква батерија од следната генерација која ќе биде „менувач на игри“.

„Овој концепт ни овозможи да дизајнираме ново искуство кое не е оптоварено со минатите ограничувања и претставува еволуција на нашите принципи на полет. „L100“ е возило кое изгледа како да е извајано од ветрот, се движи без напор и како да не постои триење“, вели Кемал Курич, директор за дизајн во „Lincoln“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП