20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„BMW“ прави електричен суперавтомобил?

„BMW“ прави електричен суперавтомобил?

„BMW“ навести дека би можеле да направат модел во стилот на иконскиот „М1“, кој би имал форма на електрифициран суперавтомобил.

„М“ дивизијата моментално се подготвува да започне програма за брза електрификација, со електрифицирани модели кои вклучуваат идни варијанти на „BMW M5“ и „BMW M3“, како и планиран „SUV“ ривал на „Lamborghini Urus“, пишува „Autoblog“.

Можеби најважно за љубителите на „BMW“, компанијата не ја отфрли можноста за електричен суперавтомобил инспириран од „М1“, и покрај тоа што го откажа раниот проект пред три години.

Во 2019-та година, „BMW“ го покажа концептот на хибриден суперавтомобил „Vision M Next“ како показател за тоа што да очекуваме од нивните електрифицирани спортски автомобили.

Во тоа време се очекуваше да влезе во производство како духовен наследник на „М1“. Сепак, набргу потоа, почнаа да кружат извештаи дека проектот е откажан поради загриженост за трошоците за истражување и развој, како и нискиот потенцијал за продажба.

Сепак, шефовите на „BMW“ остануваат отворени за повеќе специјални модели „M“, потенцијално отворајќи ја вратата за повторно разгледување на концептот на суперавтомобил. Шефот на „BMW M“, Френк ван Мел, исто така го изјави ова за британски „Autocar“:

„Тоа е секогаш нешто што можеме да го решиме. Како возачи на автомобили, ние секогаш сонуваме да правиме такви автомобили. Тоа не значи дека ќе ги правиме, но продолжуваме да ги истражуваме тие идеи. Фактот дека „Vision M“ никогаш не се оствари, не значи дека не размислуваме за супер спортски автомобил“, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП