
Овен (21.03 – 20.04)
Ќе се занимавате со некои други работи, а не со работа. Едноставно не ве очекува преголем број на обврски. На слободните ќе им дојде нова љубов.

Бик (21.04 – 21.05)
Брзо и лесно ги обавувате и завршувате своите деловни обврски, па ви останува и доста слободно време. Во љубовта уживате во убавата комуникација со саканото лице.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Ве очекува поволна ситуација ако се занимавате со приватна рбаота. Можете да се надевате на реализација на своите амбиции. Сигурни сте во своите чувства иако вашите пријатели ви замеруваат поради партнерот.

Рак (22.06 – 22.07)
Аспектите кои ги имате укажуваат на значително финансиско цедење. Ќе навлезете во финансиска дупка. Во љубовта ви следи период за позрели чекори.

Лав (23.07 – 22.08)
Ве очекува успех ако се занимавате со работи поврзани за трговија или сообраќај. Пред вас денот е поволен. Ви се допаѓа личноста со која веќе некое време имате добра комуникација.

Девица (23.08 – 22.09)
Можете да се надевате на нова прилика за вработување доколку сте без работа. Ќе се покажете во најдобро светло. Во љубовта ви е прекрасно, заљубени сте и се чувствате многу убаво покрај партнерот.

Вага (23.09 – 22.10)
Може да се надевате на поддршка од страна на соработниците кои се покрај вас. Заедно ќе остварите деловен успех. Во љубовта ќе флертувате со лица кои сте ги запознале преку пријатели.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Можеби моментално сте малку незаинтересирани за деловните обврски, па надредените можат да ви замерат. Ви се отвора прилика за комуникација со едно зафатено лице.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Пред вас е важен ден во кој можете да обавите доста работи. Ви одговара да бидете вредни и активни. Не е проблем јавно да ги покажете своите емоции и да го изненадите својот партнер.

Јарец (22.12 – 20.01)
Ве очекува патување во странство на кое ќе можете да остварите некои важни деловни подвизи. Во љубовта ви се допаѓа личност која делува отворено и слободно.

Водолија (21.01 – 19.02)
Можно е да сте под притисок од страна на надредените, што прилично ви смета. Најдобро работите кога никој не ви е над глава. Ќе уживате во вниманието кое ви го подарува сакното лице.

Риби (20.02 – 20.03)
Имате многу добри идеи кои би можеле да ви бидат од голема корист на деловното поле. Пред вас е добар ден за акција. Ќе уживате во заедничките моменти со партнерот кој го имате.