Уредите што се преклопуваат од серијата „Galaxy“ повторно не потсетуваат на она што е можно со уникатни искуства и интеракции за сите корисници на паметни телефони ширум светот.
„Samsung“ ја создаде оваа нова категорија со претворање на неверојатното во реалност, сето тоа преку иновативни нови технологии и софистицирани, високопрецизни производни процеси. Имено, клучниот елемент на склопливите уреди на „Samsung“ е ултра тенкото стакло, заштитен материјал кој може да се превиткува стотици илјади пати додека ја задржува својата издржливост и цврстина. Бидејќи популарноста на уредите што се преклопуваат рапидно расте, „Samsung“ го усовршува производството на ултра тенко стакло за да испорача повеќе уреди што се преклопуваат на потрошувачите.

