25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочина пејачката и актерка Оливија Њутн-Џон

Почина пејачката и актерка Оливија Њутн-Џон

Пејачката и актерка Оливија Њутн-Џон почина на 73-годишна возраст, објавено е на нејзината официјална веб-страница во понеделникот.

Њутн-Џон, која светската слава ја стекна со улогата во култниот филм „Брилијантин“ од 1978 година, со години водеше битка со ракот на дојката.

„Таа утрово почина мирно на својот ранч во Јужна Калифорнија, опкружена со семејството и пријателите“, изјави нејзиниот сопруг Џон Истерлинг.

„Оливија е симбол на триумф и надеж повеќе од 30 години споделувајќи го своето патување со ракот на дојката“, се вели во соопштението.

„Бараме од сите да ја почитуваат приватноста на семејството во овој многу тежок период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП