сабота, 30 септември 2023
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 08.08.2022

Дневен хороскоп 08.08.2022

Овен (21.03 – 20.04)

Време е да се ослободите од заостанатите финансиски прашања. Се додека не го направите тоа, нема да ви тргне на подобро. Во љубовта конечно ќе ги увидите вредностите на саканото лице.

Бик (21.04 – 21.05)

Полни сте со самодоверба. Искористете ја за остварување на деловните цели. Зрачите со позитивна енергија, а припадниците на спротивниот пол тоа го забележуваат. Одличен ден за вас.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Одличен ден за напредок на сите нивоа и во сите дејности. Партнерот ви е поддршка во се, само треба да го слушате што ви зборува.

Рак (22.06 – 22.07)

Денес ќе ве следат добри и среќни моменти. Ќе бидете задоволни со учинокот и ќе слушенете добри вести. Ќе бидете осетливи на туѓите провокации па затоа избегнувајте ги непријатните лица.

Лав (23.07 – 22.08)

Ситуацијата на работното место наеднаш ќе се промени на подобро. Ќе почувствувате голема поддршка и олеснување. Некој повторно ќе се обиде да ви го замати планот, но конечно ќе откриете кој бил тој. Во вечерните часови приклучете и се на забавата на вашето друштво.

Девица (23.08 – 22.09)

Цел ден ќе ве следи одличното чувство, па на крајот од денот и ќе искусите нешто убаво. Заборавете на ситните грижи кои ве оставаа без сон. Подигнете ја главата и ќе забележите дека не е се така црно.

Вага (23.09 – 22.10)

Денес очекувајте некој денар плус на вашата сметка. Ќе се појави проблем кој без голем напор ќе го решите. Во љубовта ќе имате проблем со љубомората.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Очекувајте помош од своите соработници со кои генерално имате добар однос. Пред вас е поволен ден. Во љубовта работите ќе бидат стабилни, слободните ќе запознаат некој од знакот на Рак.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Сјајно ви оди во друштвото, па затоа не бидете сами ниту денес. Договорете некој заеднички ручек или вечера со лицата кои ви се драги. Здравјето ви е солидно, но недоволно сте физички активни. Направете нешто околу тоа.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ги препознавате приликите на секој чекор, се чувствувате сакани и уживате во емоциите кои доаѓаат од сите страни. Не смеете да дозволите ниту еден момент да пројде без одлучна акција. Посветете им се на високите цели.

Водолија (21.01 – 19.02)

Вие сте упорни и истрајни и покрај падовите и проблемите кои ги носите на грбот. Денес сами ќе си ја подобрите ситуацијата така што ќе завртите нов лист во кој ќе нема место за нервоза. Енергијата побарајте ја во дружењето со саканите лица.

Риби (20.02 – 20.03)

Чувствувате лесна стагнација или потреба психички да се растеретите од наталожените обврски. Во љубовнот живот ви годи присуството на партнерот, се чувствувате возбудено и заљубено. Уживајте во заедничките моменти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП