Турскиот гигант Галатасарај тргна во неверојатна акција во финишот на летниот преоден рок. Во Истанбул пристигнаа Дрис Мертенс и Лукас Тореира и треба да потпишат со Галатасарај, а каталонскиот весник „Спорт“ најавува дека клубот е во преговори и со Кристијано Роналдо.

Мертенс доаѓа како слободен агент откако не успеа да се договори со Наполи за продолжување на соработката. Тој е најдобриот стрелец во историјата на клубот од Неапол, а Лукас Тореира ќе биде купен од Арсенал кој не смета одамна на уругвајскиот интернационалец.

