Австриската компанија „KTM Sportcar GmbH“ на светот му го покажа својот втор автомобил – „X-Bow GT-XR“, кој е патна верзија на тркачкиот автомобил „X-Bow GT2“. Спортскиот „X-Bow“ беше првиот автомобил на компанијата „KTM“, која до 2008-ма година произведуваше главно мотоцикли.
Презентацијата беше на саемот за автомобили во Женева во 2008-ма година, а потоа се појавија верзиите „X-Bow GT4 Evo“, „X-Bow GTX“ и „X-Bow GT2“, кои успешно учествуваат на натпреварите, но се разликуваат од „X-Bow“. И сега ја видовме втората машина со четири тркала на „KTM“, моделот „X-Bow GT-XR“.
„KTM“ го покажа изгледот возилото со две врати, но не откри никакви информации за техничките податоци. Може да се претпостави дека „GT-XR“ ќе го задржи 2,5-литарскиот бензински 5-цилиндричен „TFSI“ турбо мотор од „Audi Sport“ (во тркачките автомобили има моќност од 530-600 КС и вртежен момент до 720 Nm), 7-степен секвенцијален менувач и прилагодлива суспензија, како и лесни седишта. Но, веројатно ќе биде потежок од „оригиналот“, кој е нешто повеќе од еден тон, опремен со амортизери на „Sachs“ и секвенцијален менувач „Holinger“ што ги придвижува задните тркала.

Се очекува „GT-XR“ да ја има минималната потребна опрема за сертификација што ќе му овозможи на автомобилот да се вози по јавни патишта. Исто така, според непотврдени информации, австриската компанија планира да произведува не повеќе од сто автомобили годишно, од кои секој ќе биде креиран според желбите на купувачот.
Цените за „X-Bow GT2“ започнуваат од 294.000 евра.