сабота, 1 октомври 2022
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници за енергија и концентрација

Намирници за енергија и концентрација

Без разлика дали ве чека важен ден на работа или едноставно сте заглавиле на синоќешната забава, овие намирници ќе направат повторно да имате енергија и да ја вратите концентрацијата.

Вода

Ако чувствувате дека вашиот мозок бавно работи, конзумирајте поголема количина вода со цел да jа забрзате мозочната активност. За работа на мозокот потребна е водата.

Портокал

Ова овошје е богато со витамин Ц кој ја зголемува менталната брзина и моторичките способности.

Црно чоколадо

Чоколадото е полно со флавоноиди кои ја подобруваат циркулацијата на мозокот и го активираат производството на ендорфин – зголемувајќи го расположението.

Јајца

Доколку вашиот појадок содржи варено јајце, никогаш нема да ви се случи да заборавите некој важен состанок. Јајцата се полни со невротрансмитери кои се многу значајни за подобрувањето на меморијата.

Лосос

Подмачкајте го вашиот мозок со DHA киселина, омега 3 заситени масни киселини, кои значително го подобруваат помнењето. Одличен извор на оваа состојќа е рибата, особено лососот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП