29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРецензии: „Експресен воз“ излезе од шините

Рецензии: „Експресен воз“ излезе од шините

Повеќето критичари сакаат да се симнат од Bullet Train – возот во кој се вози Бред Пит во новиот филм со ист наслов – за кој сметаат дека излегува од шините.

Филмот, во режија на Дејвид Лич, е вестернизирана преработка на големо платно на бестселерот од 2010 година на јапонскиот писател Котаро Исака. Пит глуми платен убиец кој се бори против неколку „колеги“ на пат од Токио до Кјото, по инструкции на мистериозен наредбодавач (Сандра Булок). Тој  верува дека неговата лоша среќа е библиска.

Акциониот трилер со примеси на комедија ја имаше својата премиера во Велика Британија во средата.

„Гардијан“ филмот го опиша како „чудно исцрпувачки и во голема мера незабавен“.

„Напорно ѕвецка со невозбудливи и неинтересни кореографски борби, камеа кои накратко го поттикнуваат интересот и реплики на места каде што требало да има нешто комично“, напиша Питер Бредшо, во својата рецензија со две ѕвезди.

„Со јапонското опкружување се постапува навистина површно, има гегови за јапонски тоалети што требаше да излезат во 1980-тите. Ова е туристичко возење до никаде“.

Во својата рецензија објавена во „Телеграф“, Роби Колин беше уште помалку импресиониран од Бредшо, доделувајќи му само една ѕвезда.

„Верзијата на Јапонија што ја нуди филмот, во голема мера изведена со компјутерска графика, е неавтентична, додека сценариото варира од многу пцовки и необично рифање на Гај Ричи – а понекогаш и запрепастувачка мрзеливост,“ напиша Колин.

„Саут Чајна морнинг пост“ излезе со наслов: Што прави Бред Пит во оваа заморна пост-Тарантино епизода за Јапонија?

Бред Пит ретко греши, но Bullet Train е големо промашување, пишува весникот и додава:  „Двочасовна оргија на крвопролевање ублажена со повремени полупристојни гегови – филм кој многу рано излегува од шините.“

Не можете да ѝ замерите на каскадерската работа на филмот – ако уживате во инвентивна борба од непосредна близина, ја има во изобилство, велат критичарите, но генерално, оценката не е поволна.

Според нив, филмот е еден вид пост-Тарантинов заплет кој излезе од мода пред околу 20 години. Ниту Пит не поминува низ ова неповреден.“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП