29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 03.08.2022

Дневен хороскоп 03.08.2022

Овен (21.03 – 20.04)

Можете да се надевате на сосема стабилна ситуација кога станува збор за работата и финансиите. Во љубовта препорака е да го релаксирате саканото лице, не да го заморувате.

Бик (21.04 – 21.05)

Можно е некој од соработниците од минатото повторно да ве контактира за некои нови деловни можности. Во љубовта лицето кое ви се допаѓа е променливо, нема да знаете што да правите.

Близнаци (22.05 – 22.06)

На работното поле ќе доживеете значително подобрување кога станува збор за заработката. Ќе добиете јавни пофалби. Во љубовта доколку сте сами трудете се да го освоите лицето кое ви се допаѓа.

Рак (22.06 – 22.07)

Можете да имате комплетна доверба во вашиот колега, соработник, бидејќи имате иста цел. Во љубовта оние кои планирале да предложат брак, ќе добијат позитивен одговор.

Лав (23.07 – 22.08)

Доколку сте планирале некои ризични деловни инвестиции, денес денот е поволен за тоа. Во љубовта можно е уште да не сте подготвени за посериозна врска со саканото лице.

Девица (23.08 – 22.09)

Ве очекува многу позитивна атмосфера на деловен план. Имате причина за радости. Оние кои се слободни ќе се заљубат во повозрасно лице, оние во врска ќе посакаат брак.

Вага (23.09 – 22.10)

Задоволни сте со своите постигнувања и сметате дека сте направиле голем успех. Сите ќе бидат горди на вас. Во љубовта време е за посериозни чекори.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ако сте планирале започнување на приватен бизнис, можете да очекувате поволни околности. Пред вас е шанса за успех. Во љубовта ситуацијата ќе биде стабилна.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во текот на денешниот ден ве очекува прилично опуштена ситуација. Нема да имате премногу деловни обврски. Во љубовта имате прилика да се смирите со саканото лице, доколку деновиве сте имале некои кавги.

Јарец (22.12 – 20.01)

Денот нема да биде поволен за деловни патувања, па затоа откажете ги. Не правете ги работите со сила. Во љубовта лесно ќе влегувате во конфликт со партнерот.

Водолија (21.01 – 19.02)

Во вашата глава ќе се таложат разни планови за иднината, но обидете се малку да ја намалите тензијата. Оние кои се сами, денес имаат можност да запознаат привлечно лице.

Риби (20.02 – 20.03)

Можно е денес да немате премногу среќа во работата, па наместо да форсирате, смирете се. Во љубовта можено е покрај погрешно лице да барате емотивна стабилност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП