19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 02.08.2022

Дневен хороскоп 02.08.2022

Овен (21.03 – 20.04)

Се чувствувате одлично во друштво со оние кои се подготвени да ви сторат услуга, особено ако сте на пат и ако се работи за некој со кој после долго време сте се сретнале, сосема непланирано. Можете да се надевате на повик од личност кон која никогаш не сте биле рамнодушни, особено ако се работи за Рак или Риби.

Бик (21.04 – 21.05)

Се трудите да се одморите, иако атмосферата во домот е прилично напната. Некој сака да се сретне со вас и да ви даде до знаење дека можете да сметате на него. Ако се работи за потенцијален соработник, ќе бидете успешени, но ако станува збор за една Водолија или еден Бик. Можни се пријатни вести од странство.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Верувате дека можете лесно да го решите проблемот и ако бидете во прилика да се договорите со еден Бик за многу важни прашања, ќе ви биде многу пријатно за тоа. Врската со некој кој живее во странство може да биде одлична, особено ако станува збор за средба со лице кое доаѓа од прекуокеанските земји. Можни се вонредни добивки.

Рак (22.06 – 22.07)

Не влегувајте во никакви разговори за нешто што би можело да ве извади од такт, особено не ги разгледувајте принципиелните прашања затоа што немате никаква корист. Родените на крајот на знакот можат да имаат корист од соработката со Близнаци, Јарец или Девица.

Лав (23.07 – 22.08)

Утрото може да биде бурно, особено ако сте родени кон крајот на знакот, а не сте се прилагодиле затоа што сакате на секого да му кажете во лице се што мислите. Една Вага или некој Овен поради тоа нема да се налутат, но Јарец, Шкорпија или Бик можат да бидат пречувствителни и погрешно да го разберат вашиот коментар.

Девица (23.08 – 22.09)

Овој ден Ви носи многу непредвидени проблеми, особено ако се работи за соработници во рамки на поголем тим. Пречувствуително реагирате на секој вид на критика, вклучувајќи тука и еден Бик или Лав со кои никогаш не сте биле во состојба лесно да ги решите проблемите во врска со финансиите.

Вага (23.09 – 22.10)

Овој ден делува на вашата амбиција, но и на семејните односи. Се трудите да му се допаднете на еден Лав со кој можете лесно да се договорите за многу работи, но тој веројатно не посветува многу внимание на вас. Би било подобро вечерта да ја поминете мирно, отколку да се оптеретувате со непотребни размислувања за минатото.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Преморени сте и потребен ви е мир, но Вие како да не посакувате тоа да го направите, поради тоа што морате да го промените планот. Подготвени сте да одите преку своите можности и размислувате како да се изборите со конкуренцијата, без разлика за што станува збор и со која работа се занимавате. Добро се чувствувате во друштво на Лав.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Некои нови можности на бизнис план се реални, но денеска не работите, одморајте се и дружете се со блиските. Денов совршено им одговара на оние кои сакаат да се договорат околу некои нови работи кои ќе бидат реализирани за околу месец-два и веројатно имаат врска со странци. Добро се согласувате со Бик, Рак и Јарец.

Јарец (22.12 – 20.01)

Овој ден Ви носи можност за контакт со оние кои долго време не сте ги виделе или некои нови познанства кои ќе прераснат во нешто повеќе. Треба да се договорите со еден Лав околу нешто ново, можен е проект кој ќе Ви се исплати.

Водолија (21.01 – 19.02)

Се чувстувате добро во друштво на еден Стрелец со коgo можете лесно да воспоставите добра комуникација. Верувате во можноста за добар исход од работата со еден Рак, Јарец или Бик со кои секогаш сте биле во добри односи. Можно е продолжување на соработката со Лав кој често ве критикува.

Риби (20.02 – 20.03)

Чуствително реагирате на секој вид на критика и се трудите на најдобар начин да ги решите проблемите кои се однесуваат само на вас и на вашите колеги. Ако планирате самостален проект веројатно во текот на денот ќе размислувате како да го започнете што е можно поскоро. Повремено можете да бидете нерасположени, особено ако не ви се јави пријател од знакот на Рак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП