16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСледните „Dodge Charger“ и „Challenger“ ќе бидат електрични

Следните „Dodge Charger“ и „Challenger“ ќе бидат електрични

Јасно е дека електричните автомобили на крајот ќе ги заменат оние со мотори со внатрешно согорување. Кај некои производители, транзицијата се случува побрзо, но во „Dodge“ тие сè уште веруваат во V8 моторот. Сепак, тоа ќе се промени со следните генерации на „Charger“ и „Challenger“, пренесува „Motor1“.

Пред објавувањето, портпаролот на „Dodge“ потврди дека промената на генерацијата ќе ги остави двата модели не само без легендарниот „Hemi V8“, туку и без сите мотори со внатрешно согорување. Односно, нема да има хибридни „Charger“ и „Challenger“, како што тврдеа некои информации во последните месеци.

„Моторот „Hemi“ и сегашната платформа заминуваат, а следната генерација ќе биде целосно електрична“, рече претставник на „Dodge“.

Самата платформа „LX“ со погон на задните тркала е на „Chrysler“, која започна да се произведува во 2005-та година. Тековниот „Charger“ е изграден на модифицираната „LD“ верзија и „Challenger“ на „LA“, при што двата модели користат V6 и V8 мотори поврзани со 8-брзински автоматски менувач.

„Dodge“ веќе работи на својот прв електричен мускулен автомобил, кој ќе дебитира како концептен модел ова лето. Неговата сериска верзија би требало да излезе во 2024-та година, но според извршниот директор на компанијата Тим Кунискис, нејзиното објавување нема да значи итен крај на моторите со внатрешно согорување во моделите на марката.

Најверојатно, електричниот модел ќе биде достапен некое време со сегашните „Charger“ и „Challenger“, при што вториот ќе добие фејслифтирана верзија која работи на гориво E85 и развива 900 ks. Тоа ќе биде проштална верзија на „V8 Hemi“ пред да замине во историјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП