30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolkswagen: Нема да биде подобро

Volkswagen: Нема да биде подобро

vw1

Подобрување во автомобилскиот пазар на западна Европа во наредните години нема да биде забележано, смета финансискиот директор на „Volkswagen“ Ханс Дитер Печ.

Тој во интервјуто за германскиот весник „Берзе цајтунг“ изјави дека најголемиот европски производител на автомобили ги намалува трошоците, и дека внатрешната структура на компанијата се обидува да ја направи поефикасна.

Покрај тоа, „Volkswagen“ ги одложува инвестициите бидејќи очекува послаба побарувачка на автомобили во тој регион во 2013 година, и во наредните неколку години, пренесува Франс прес.

Финансискиот директор на „Volkswagen“ верува дека оваа година продажбата на автомобили во западна Европа ќе се намали на најниското ниво од 1993 година.

Иако е забележана некаква стабилизација, „Volkswagen“ не прогнозира позначителен раст на побарувачката во наредните години, изјави тој.

Печ додаде дека „Volkswagen“ како и претходно, планира оваа година да оствари оперативен профит на ниво од минатата година, односно 11,5 милијарди евра, а исто така има намера и да ја зголеми продажбата на автомобили во однос на 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП