19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 30-31.07.2022

Викенд хороскоп 30-31.07.2022

Овен (21.03 – 20.04)

Луѓето ги ставате на прво место, но морате да се насочите кон работата. Им давате предност на работите што носат видливи резултати. Опкружени сте со клевети и манипулации, но однапред се дистанцирате од негативности.

Бик (21.04 – 21.05)

Не сомневајте се во себе, навистина блескате. Партнерот е заслужен за тоа што се чувствувате добро. Доколку сте осамени, потрудете се и во тоа да уживате. Многу од припадниците на овој знак ќе бидат изложени на погледи од јавноста.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Викендов имате можност да се запознаете со некоја личност која сте сакале одамна да ја запознаете. Не е важно дали за таа личност сте заинтересирани на љубовна, деловна или пријателска основа. Во секој случај, ќе уживате во секој момент од вашето дружење. Не се колебајте бидејќи оваа средба ќе биде многу позитивна за вас.

Рак (22.06 – 22.07)

Ви недостасува самоувереност за оние работи кои многу ви се важни. Обидете се да ги сокриете сопствените слабости и тоа со бегање во самотија. Можеби таа на момент ќе ви помогне да се позанимавате со некои работи кои смируваат и ви го враќаат вниманието.

Лав (23.07 – 22.08)

Дали во интимните или во односите со бизнис партнерите, околностите ќе ве охрабрат за зголемен ангажман, при што ќе ги решите проблемите на нов начин. Иако нема се да се одвива непречено и без тешкотии, знаејќи дека имате напредок, ќе биде доволно за да истраете.

Девица (23.08 – 22.09)

Бидете подготвни за доста немирен ритам на вашите активности во текот на викендот. Ви престои опасност многу лесно да скршнете од вистинскиот пат. Родените во третата декада ќе се чувствуваат доста емоционално и чувствително.

Вага (23.09 – 22.10)

Можеби ви се допаѓа некој од работната средина, како и да е нема да ви биде лесно да се отворите и да го покажете интересот. Упорно ја носите маската, време е да ја извадите. Добро се аспектирани работите во кои доаѓа до израз вашата креативност. Уживајте во работата.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе се заљубите лесно, чувствата ќе ви бидат силни, но не постојани, па затоа бидете внимателни да не скршите нечие срце со ветувања кои не можете да ги исполните. Исто така е можно да сакате нешто што не го знаете доволно, и ќе изградите верувања кои не се вистински.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Навистина среќен викенд за претставниците родени во втората декада, бидејќи ќе сретнат сродна душа со која што ќе споделат незаборавни моменти, а оние кои се во брак ќе воспостават хармонија со семејството. Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува.

Јарец (22.12 – 20.01)

Повеќе внимание посветете им на убавите работи во животот. Иако сте имале застои од сите страни сепак ќе има нешто што ќе ви кажува дека на крај се добро ќе се заврши. Можете да се надевате на позитивен резултат од некој настан.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе функционирате под влијание на радосни вести и пријатни изненадувања. На професионален план некој ваш соработник ќе ви помогне да преминете во акција и да ја повратите загубената сигурност и надеж. Финансиската ситуација не ви е одлична, но драстично ќе се подобри.

Риби (20.02 – 20.03)

Присутна е потребата за дружење, но доколку не направите селекција ќе се појави нервоза и чуство дека на извесен начин сте злоупотребени. Морате еднаш да расчистите што всушност сакате, преиспитајте ги пријателите бидејќи на многу на кои им посветувате внимание навистина и го заслужуваат тоа, без оглед на вашите сомнежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП