26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСтрипот на Кијану Ривс создава историја

Стрипот на Кијану Ривс создава историја

Холивудскиот миленик Кијану Ривс е креатор и коавтор на стрипот „Берсеркер“ (оригинален наслов BRZRKR), кој стана прв стрип што се појавува во престижната конгресна сала „Ејч“, каде што се прикажани првите најави на нови проекти.

Иако многу успешниот серијал стрипови ќе заврши во уште две изданија, Кијану им порача на илјадниците фанови на Comic-Con дека ова нема да биде крајот на приказната.

А што се однесува на наративот, „Берсеркер“ раскажува приказна за платеник стар 80.000 години, кој ѝ ги нуди своите услуги на владата за возврат што таа му помогнала да ја открие тајната на неговата бесмртност.

„Берсеркер“, кој Кијану го напиша заедно со Мет Кинт, најверојатно ќе добие и филм. Стриминг-гигантот „Нетфликс“ изрази интерес за неговиот најнов потфат и се согласи да продуцира и игран филм и аниме-серија.

Од убиец Џон Вик, култен суперхерој Нео, до рокер бунтовник Џони Силверхенд, Кијану Ривс никогаш не престанува да воодушевува со неизмерливата ширина на своите таленти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП