24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДибала пречекан како бог од навивачите на Рома

Дибала пречекан како бог од навивачите на Рома

Аргентинскиот интертнационалец Пауло Дибала имаше фантастичен пречек од навивачите на Рома. Тие направија неверојатно шоу и го пречекаа како бог новото засилување.

Дибала дојде од Јувентус откога не успеа да се договори за продолжување на соработката.

„Многу ви благодарам за топлото добредојде. Знам како е да се игра против Рома, секогаш ми беше тешко кога доаѓав со други тимови. Сега сум со вас и сакам да му помогнам на тимот да напише прекрасна приказна. Вие сте неверојатни, се надевам дека заедно ќе се радуваме на многу успеси“, изјави Пауло Дибала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП