16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDukat 100-постотен сопственик на Љубљански млекарни

Dukat 100-постотен сопственик на Љубљански млекарни

dukat4

„Dukat“ преку Загребската берза извести дека како главен акционер на „Љубљански млекарни“ спроведе постапка со која сите акции на малцинските акционери на таа словенечка компанија се пренесуваат на „Dukat“, кој сега е 100-постотен сопственик на „Љубљански млекарни“.

Како што се наведува во соопштението на компанијата, „Dukat“ како главен акционер на „Љубљански млекарни“ спроведе постапка со која сите акции на малцинските акционери на таа словенечка компанија се пренесуваат на „Dukat“ како главен акционер, согласно со одредбите на Законот за трговски друштва на Република Словенија.

Централното клириншко депотно друштво од Љубљана извршило упис на 52.113 акции на малцинските акционери во корист на „Dukat“ на 2 септември оваа година.

Со тоа „Dukat“ стана сопственик на 4.381.933 акции на „Љубљански млекарни“, што претставува 100 проценти од акционерскиот капитал на оваа компанија, се заклучува во денешното соопштение од „Dukat“, која пак е член на „Lactalis“ групацијата.

„Dukat“ во средината на оваа година го презема мнозинскиот, 50,3- постотен дел во „Љубљански млекарни“ од „NFD Holding“, „Factor Bank“, „Mutual Fund“, „KD Delniski Dohodkovni“, „KD Bank“ и „Sava“.

После тоа „Dukat“ излезе со обврзувачка понуда за откуп на акциите од љубљанската компанија, а во таа постапка доби додатни 46,23 проценти од акциите и од втората половина на мај има вкупно 96,52 проценти од акциите.

Собранието на „Љубљански млекарни“ на почетокот на август, според словенечките закони, донесе одлука за пренос на акциите на малцинските акционери на „Dukat“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП