25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНеочекувано: Си оди шефот на Фолксваген

Неочекувано: Си оди шефот на Фолксваген

Извршниот директор на Фолксваген ненадејно ја напушта функцијата, на 1 септември.

Компанијата во петокот објави дека главниот извршен директор Херберт Дис ќе биде заменет со Оливер Блуме, шеф на одделот на Фолксваген на Porsche Performance.

Фолксваген, вториот по големина производител на автомобили во светот, не ја наведе причината за заминувањето на Дис. Но, во извештајот на Ројтерс, кој се повикува на неименувани извори, се вели дека семејствата Порше и Пиех, кои меѓу нив поседуваат најголем дел од гласачките права во Фолксваген, бараат промена во раководството. Компанијата не одговори веднаш на барањето за коментар за наводите.

CNN проценува дека ова е напорен и предизвикувачки мандат за Дис. Тој го презеде управувањето со компанијата во 2018 година, по скандалот „дизелгејт“ што ја принуди компанијата да плати огромни американски и европски казни за лажни отчитувања на емисиите.

Сепак, тој успеа да го стави тој скандал „во ретровизор“ на компанијата и се фокусираше на електричните возила повеќе од многу етаблирани производители на автомобили, позиционирајќи го Volkswagen на самиот врв на новата индустрија, пренесува Investor.

„Електричен фокус“

VW соопшти дека ќе потроши 89 милијарди евра во следните пет години за развој на електрични возила, што е околу половина од планираните трошоци во тој период, и има за цел електричните возила да претставуваат четвртина од продажбата до крајот на 2026 година.

Бројот на електрични возила со батерии продадени од VW речиси се удвои во 2021 година на речиси 453.000 на глобално ниво, ставајќи го на третото место зад Tesla и General Motors.

„Херберт Дис одигра клучна улога во унапредувањето на трансформацијата на компанијата. Групацијата и нејзините брендови се одржливи за иднината, нејзините иновативни способности и моќта за заработка се зајакнати“, рече Ханс-Дитер Поч, извршен директор на компанијата.

„Тој не само што ја водеше компанијата низ исклучително турбулентни води, туку и темелно спроведе нова стратегија“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП