26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛоши вести за Ѓоковиќ од Њујорк

Лоши вести за Ѓоковиќ од Њујорк

Организаторите на Ју-ес опен, последниот Грен слем турнир во сезоната, објавија дека ќе ги почитуваат мерките на американската влада. Ова значи дека Новак Ѓоковиќ нема да може да настапи на турнирот.

Ѓоковиќ не е вакциниран, што значи дека не го исполнува критериумот за влез во САД. Странците кои сакаат да влезат во земјата мора да бидат вакцинирани.

„Ју-ес опен не воведе задолжителна вакцинација за своите учесници, но ќе ја почитува одлуката на Владата на САД за влез во земјата на невакцинирани неамерикански граѓани“, потврдија од турнирот

Тоа ќе биде голем удар за Новак, кој имаше можност да стигне до Рафаел Надал по бројот на освоени Грен слем титули на УС Опен. Ѓоковиќ сигурно би бил еден од фаворитите за освојување на титулата бидејќи во минатото три пати беше шампион во 2011, 2015 и 2018 година. Минатата година загуби во финалето од Русинот Даниил Медведев со 4:6, 4:6, 4:6.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП