25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТесла го продаде најголемиот дел од својот биткоин иако Маск рече дека...

Тесла го продаде најголемиот дел од својот биткоин иако Маск рече дека нема да го стори тоа

Компанијата Тесла на Илон Маск објави дека продала поголем дел од своите биткоини. Производителот на електрични автомобили вели дека продал 75 отсто од своите биткоини во вредност од околу 2 милијарди долари на крајот на 2021 година.

Тие одлучија да продадат бидејќи вредноста на криптовалутата падна за повеќе од 50 отсто оваа година, пишува Би-Би-Си. Шефот на Тесла, Илон Маск, беше меѓу најистакнатите поборници на криптовалутите, а неговите изјави на социјалните мрежи честопати поттикнуваа значителна активност на крипто-пазарите.

Инвестицијата на Тесла од 1,5 милијарди долари во биткоини, откриена во февруари 2021 година, поттикна пораст на побарувачката за биткоин. Неговата цена скокна на 70.000 долари минатата година и тоа беше врвот пред падот. Денес, еден биткоин се продава за околу 22.000 долари.

Тесла престана да прифаќа биткоин како плаќање за своите автомобили минатата година, наведувајќи ја загриженоста за климатското влијание на енергетско интензивното ископување биткоин. Во тоа време, Маск на социјалните мрежи рече дека компанијата нема да го продаде биткоинот што го поседува. „Тесла нема да продава биткоин“, напиша тој на Твитер.

Но, сега знаеме дека една година по тој твит, Тесла сепак го продаде најголемиот дел од своите биткоини, па ова е уште едно неисполнето ветување на Маск, пишува Би-Би-Си.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП