25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБред Пит облече сукња - сите му гледаа во нозете, дали ви...

Бред Пит облече сукња – сите му гледаа во нозете, дали ви се допаѓа?(ФОТО)

Бред Пит без сомнение изгледа одлично во сè што носи, а дополнително внимание привлече неговиот моден избор на берлинската проекција на неговиот претстоен филм „Bullet Train“.

Така, 58-годишниот Пит се одлучи за кафено здолниште со соодветен блејзер и виолетова ленена кошула со копчиња. Изгледот го комплетираше со војнички чизми, откривајќи ги потколениците и неколку тетоважи кои ретко ги покажува.

На неговото тело има и голем број тетоважи посветени на поранешната сопруга Анџелина Џоли, вклучително и соодветен дизајн на санскрит во чест на нивниот син Медокс, чкртаница на грбот напишана од актерката и нејзиниот датум на раѓање на кмерски јазик на долниот дел на стомакот.

Инаку, новиот филм на Пит „Bullet Train“ следи пет убијци во воз, а на сите се доделени различни (но поврзани) мисии. Покрај Пит, во филмот глумат Сандра Булок, Џои Кинг, Зази Биц и Бад Бани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП