Ако сакате да ослабете неколку килограми пред летувањето, добро ќе биде да знаете кои напитоци можат да ви помогнат во слабеењето. Коктелите, шејковите и соковите освежуваат, но често се преполни со калории. За среќа, можете да пиете сладок и освежителен пијалок, а притоа и да слабеете. Но, само ако знаете што треба да ставите во чашата.
Стевиа

Стевиата е потполно природен засладувач, кој се прави од билки. Таа е 200 до 300 пати послатка од шеќерот, па потребно е да ставите само многу мала количина во чајот, лимонадата, кафето или сокот, за пијалокот да биде сладок и вкусен. Потоа, овој засладувач нема калории, па е многу добар за слабеење. Кога купувате стевиа, задолжително прочитајте ја декларацијата, за да бидете сигурни дека нема додатни вештачки супстанции.
Јаболков оцет

Чаша ледена вода е секако најдобар пијалок за слабеење, но самата вода понекогаш е здодевна. Затоа, можете да и додадете малку вкус, така што во неа ќе истурите малку лимон, ѓумбир и јаболков оцет, па сето тоа засладете го со стевиа. Овој освежителен пијалок сигурно ќе ви помогне да се ослободите од неколку килограми, бидејќи јаболковиот оцет го намалува шеќерот во крвта, па така спречува таложење на мастите.
Лимон

Еден цел лимон содржи помалку од еден грам шеќер, па ова овошје е идеално за летните пијалоци. За наједноставното освежување, едноставно, вметнете неколку парчиња лимон во водата со лед, која ќе прими интересен вкус. Ако сакате, лимон можете да додадете во свежи подготвени сокови од зеленчук, во шејкови, како и во омилените чаеви. Ако летото не можете да го замислите без лимонада, направете ја со свеж лимон и со стевиа.
Кефир

Обидете се да пронајдете, или направите, кефир без маснотии. Тој е преполн со протеини, а ако нема масти, нема ни многу калории. Сепак, не е дека ги нема воопшто, па затоа ограничете ја употребата на една шолја по рецепт. Ако не ви се допаѓа вкусот, можете да го збогатите со свежо шумско овошје и стевиа. Немасниот кефир содржи повеќе пробиотици отколку обичниот јогурт, а тука пробиотиците се одлични за слабеење.
Лимета

Лиметата е уште една магична состојка, која ќе ви помогне да се ослободите од вишокот на килограми. Токму како и лимонот, лиметата речиси нема ниту калории ниту шеќер, па затоа секој пијалок со ова овошје е идеален за согорување на маснотиите. Поради големата концентрација на витамин Ц, лиметата ќе ви го подобри имунолошкиот систем, а добра е и за детоксикација на организмот.
Лубеница
![27412_Sok-lubenica-shutterstock_83888818[1]_630x0](http://denar.mk/wp-content/uploads/2014/07/27412_Sok-lubenica-shutterstock_838888181_630x0.jpg)
Ова слатко овошје, природно, содржи малку калории, па е одлична состојка за летните пијалоци. Од лубеницата можете да правите сокови, шејкови, а можете дури и да додадете парче во вода со лед за суптилен вкус на лубеница. Лубеницата не е добра само за половината, туку и за целокупното здравје. Го намалува ризикот од канцер, мозочен удар и срцеви болести.
Киви

Иако кивите нема директно да ги согорат маснотиите, ова овошје и понатаму е одличен додаток на секој освежителен летен напиток. Нема многу калории, а богато е со влакна, антиоксиданти и витамин Ц. Направете сок од него, додадете го во шејкер со останатите овошја, или едноставно додадете малку киви во вода. Кивито го намалува нивото на стрес хормоните во организмот, го контролира холестеролот, а некои истражувачи тврдат дека се бори и против брчките.
Грејпфрут

Грејпфрутот е една од најпознатите намирници за слабеење, па и не е чудно што се најде на оваа листа. Полн е со витамини, антиоксиданти, влакна и ликопени, па помага во детоксикација и слабеење, како и во зајакнување на имунитетот. Додајте неколку парчиња во вода, или исцедете го и направете сок.