24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДаниел Крег сè уште на врвот на листата најплатени актери

Даниел Крег сè уште на врвот на листата најплатени актери

Даниел Крег веќе втора година по ред е најплатениот актер во светот благодарение на „Нетфликс“, кој ги презеде претстојните две продолженија на крими-трилерот „Нож во грб“ (Knives Out) со договор со кој се обврза да му исплати 100 милиони долари.

Сумата е толку висока затоа што „Нетфликс“ ги зема предвид позадинските износи што би ги добиле ѕвездите доколку филмот се прикажува исклучиво во кината.

Крег за двете продолженија на „Нож во грб“ заработи над 100 милиони долари, согласно договорот со „Нетфликс“, кој на актерите им го надополнува профитот што би го добиле доколку филмот е достапен само во киносалите.

Крими-трилерот на Рајан Џонсон, во кој сега веќе поранешниот 007 го портретира детективот Беноа Бланк, почнува со класичен заплет – убиство на богат писател на крими романи кој зад себе има огромно наследство – со што мотивот некој од семејството да го убие станува очигледен.

Наследниците се чудни ликови кои имаат барем една причина да го извршат убиството, поради што сите се осомничени. Крег е детектив кој мистериозно е најмен да го реши случајот. На почетокот се чини дека ќе толкува стереотипен детектив сезнајко од типот на Херкул Поаро или Шерлох Холмс, но тој дава една своја интересна перспектива.

Премиерата на вториот дел, со оригинален наслов Glass Onion: A Knives Out Mystery, е закажана за септември. Многумина предвидуваат дека ќе биде уште подобар од оригиналот.

Покрај Даниел Крег и Дејв Батиста, актерскиот тим ги вклучува и новорегрутираните Едвард Нортон, Кејт Хадсон и Лесли Одом Џуниор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП