29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple нуди два милиони долари доколку успешно го хакирате iOS 16

Apple нуди два милиони долари доколку успешно го хакирате iOS 16

Новата верзија на платформата iOS пристигнува со безбедносен режим, за кој Apple тврди дека е непробоен.

Apple воведе нова функција за време на овогодинешниот WWDC, наречена Lockdown Mode. Функцијата пристигнува со системот iOS 16, а е наменета за борба против малициозниот софтвер.

Компанијата сега објави дека ќе понуди награда од два милиони долари, за да ги поттикне ентузијастите да го „пробијат“ заклучениот мод во iOS 16.

Lockdown Mode е исклучително строг режим за безбедност и заштита. Неговата главна примена е во случаи кога корисниците се сомневаат дека телефонот е заразен со тројанец. Исто така, модот го штити iPhone од следење од непознати извори.

Кога iPhone е во заклучен режим, системот ќе го блокира прикачувањето на фотографии и преглед на линкови во повеќето iMessages. Покрај тоа, ќе ги блокира поканите преку услугите на Apple, како што се повиците на FaceTime од непознати броеви. Дополнително, податоците на iPhone ќе бидат блокирани додека уредот не се отклучи.

„Иако мнозинството корисници нема да бидат жртви на насочени сајбер напади, ние мора да ги заштитиме сите корисници на производите на Apple. Режимот за заклучување е револуционерна функција, што е одраз на нашата посветеност да ги заштитиме корисниците од напади“, рече Иван Крсти – директор за безбедносно инженерство и архитектура во компанијата Apple.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП