26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Топган: Маверик“ руши рекорди на киноблагајните(ВИДЕО)

„Топган: Маверик“ руши рекорди на киноблагајните(ВИДЕО)

Продолжението на блокбастерот од 1986 година со Том Круз во главната улога, „Топган: Маверик“, достигна нова пресвртница со заработка од над 1.2 милијарда долари во светски рамки.

Оваа сума го зацврсти како филм со досега најголема заработка на „Пармаунт пикчрс“ на глобално ниво, како што објави „Дедлајн“.

Филмот, во режија на Џозеф Косински, донесе 602,5 милиони долари на 65 офшор пазари.

И во Северна Америка заработи 606 милиони долари, што е вкупно 1.2 милијарда долари на глобално ниво до петокот.

Ова е 12. филм кој некогаш ја преминал границата од 600 милиони долари на домашниот боксофис.

На меѓународно ниво, Top Gun: Maverick го држи третото место за најголеми наслови на продукциската компанија досега.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП