26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДибала ја одбрал Рома по разговорот со Мурињо

Дибала ја одбрал Рома по разговорот со Мурињо

Аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала одлучил да потпише за Рома. Тој долго време беше во преговори со Интер, кој чека да продаде неколку фудбалери за да може да го доведе на „Џузепе Меаца“, а во трката се впушти и Наполи.

Жозе Мурињо му се јавил на Дибала и успеал да го убеди во плановите на Рома, која ја освоија Конференциската лига и оваа сезона сака да освои едно од првите четири места во Серија А за враќање во Лигата на шампионите по пет години.

Рома на маса има понуда за Дибала која може да им парира на Интер и на Наполи, плата од 6 милиони евра по сезона, плус бонуси, а договорот е на четири години.

Италијанските медиуми пишуваат дека Дибала прифатил и сега се навлегува во детали, односно се работи на договор околу маркетиншките права, кои беа камен на сопнување со Јувентус и со другите заинтересирани клубови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП