3 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 15.07.2022

Дневен хороскоп 15.07.2022

Овен (21.03 – 20.04)

Овој ден ќе ви биде исполнет со многу добри вести. Некој ваш пријател ќе добие понуда за работа во странство, па ќе бидете среќни за тоа. Вечерта нека ви биде резервирана за среба со парнерот и потрудете се да ги сослушате неговите проблеми.

Бик (21.04 – 21.05)

Бидете подготвени да направите добар план и држете се до тоа. Само така ќе можете квалитетно да ја извршите работата која е пред вас. На љубовно поле буквално ви цветаат рози. Ќе се чувствувате исполнето во текот на целиот викенд, а главниот кривец за тоа ќе биде вашиот партнер.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денeс најверојатно ќе бидете фокусирани на една одредена личност. На крајот на денот неочекувано ќе научите нешто ново, или ќе сфатите дека долго време сте грешеле во врска со нешто што ви е важно. Не двоумете се кога станува збор за вашиот партнер. Кажете му што ви смета кај него и разговарајте за односот во вашата врска.

Рак (22.06 – 22.07)

Вашиот социјален живот полека опаѓа. Потрудете се да бидете што покомуникативни и пољубезни за да запознаете нови, интересни луѓе. Можно е овој ден да дознаете нешто што воопшто не го очекувате, затоа подгответе се. На љубовно поле нештата се солидни.

Лав (23.07 – 22.08)

Вашата тврдоглавост нема да ве направи подобра личност, ниту да ви донесе плус поени кај другите. Потрудете се да го прифатите секој совет, како и секоја критика. Изненадете го партнерот со подготвување на вкусна вечера, тој ќе ви биде благодарен за тоа.

Девица (23.08 – 22.09)

Ве очекува караница со вашиот партнер поради некој ваш пријател. Објаснете му на партнерот колку ви значат вашите пријатели, па можеби така ќе успеете да ја смирите ситуацијата. Работите кои се бараат од вас да ги завршите, не оставајте ги за утре.

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе си ја цените слободата и нема да дозволите кој било да ве ограничува и принудува да следите туѓи планови. Денес ќе ги раширите своите крилја и ќе летнете во потрага по забава. Благодарение на Месечината, ќе бидете расположени за дружење без крај. Уживајте во прекрасните мигови.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Пред себе имате силна цел, а тоа е усовршување на знаењето. Зајакнете го организмот бидејќи имунитетот е намален. Желбата за успех е силна затоа и сета енергија ви е насочена кон тоа. Ја проучувате секоја ситуација. Чувствувате блага нервоза, но тоа е нормална состојба за вас.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе разговарате, ќе бидете добро расположени и инспиративни, така што ќе ја разбудите својата околина и ќе ја натерате да ви се придружи во своето веселење. Личниот живот ќе страда поради некои работни обврски, но не грижете се – и тоа наскоро ќе се реши.

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес подгответе се за добра забава со пријателите, а слободното време искористете го покажувајќи ги вашите кулинарски способности и подготвувајќи им некој од вашите вкусни специјалитети. Слободното време одвојте го за вас и само за вас.

Водолија (21.01 – 19.02)

Влегувате во прекрасен период на љубов и љубовни остварувања. И конечно ќе ја имате можноста да ви се исполнат сите желби на тоа поле. Со својата харизма насекаде ќе плените и нема да можете да кренете глава од понуди од спротивниот пол. Следете ја својата интуиција и така ќе ги решите сите проблеми.

Риби (20.02 – 20.03)

Уште од почетокот на денот ќе почувствувате позитивна промена во вашиот љубовен живот. Ќе почне да ви се допаѓа некоја личност за која претходно сте мислеле дека не е ваш тип. Уживајте во деновите со добро расположение и релаксирајте се со музика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП