19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Rimac“ конечно започна со производство на „Nevera“ (ВИДЕО)

„Rimac“ конечно започна со производство на „Nevera“ (ВИДЕО)

По 5 години развој и тестирање, хрватската компанија „Rimac“ конечно успеа да започне со масовно производство на хиперавтомобилот „Nevera“ со 4 електромотори. Тој е првиот сериски автомобил произведен во Хрватска, а пред да стигне до производната лента, смени 3 генерации на технологија за возење.

За создавање на конечната верзија беа искористени 18 прототипови, 45 краш-тестови и 1,6 милиони колективни часови на истражување и развој. Тоа е огромен напор, особено за мала компанија која мораше да се справи со глобалната пандемија, кризата со чипови и милион други проблеми.

Првиот сериски модел е „Callisto Green Pearl“ со тркала од „Graphite Vertex“ и внатрешност од „Sand Alcantara“. Иако производниот број 000 е целосно завршен, тој ќе остане во сопственост на компанијата „Bugatti-Rimac“ и ќе се користи за изложби.

Плановите на компанијата предвидуваат годишно производство од 50 единици, а за нивната продажба ќе се грижат 25 дилери ширум светот. Автомобилите за првата година се веќе распродадени, а секој од нив ќе биде единствен и различен од другите. За таа цел се подготвени 36 различни бои на каросеријата, кои може да се комбинираат со дополнителни „ливери“.

Серијата „Nevera“ ќе биде достапна и со различни опции за опрема, од кои сите вклучуваат карбонски детали. Еден од нив има целосно голо карбонско тело, а купувачот ќе има и огромен избор на обоена кожа, „Alcantara“, контрастни акценти и метални елементи за внатрешноста.

Хиперавтомобилот го придвижуваат 4 електромотори со вкупна моќност од 1.887 ks и 2.370 Nm. Тие се напојуваат од батерија со капацитет од 120 kWh, а забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 1,9 секунди, додека растојанието од 1/4 милја се поминува за 8,5 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП