29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Klarna“ се збогува со својот висок рејтинг

„Klarna“ се збогува со својот висок рејтинг

Вреднувањето на „Klarna Bank“ се намали на 6,7 милијарди долари во последниот круг на финансирање на компанијата, а тоа е значителен пад за еден од најуспешните европски стартапи, пишува „Bloomberg“.

Гигантот за услуги купи-сега-плаќај подоцна рече дека собрал 800 милиони долари од нови и постоечки инвеститори. Новата проценка е значително пониска од 45,6 милијарди долари што ги достигна во јуни 2021-ва година.

Некогаш една од најценетите стартапи, „Klarna“ разговараше за проценки од околу 60 милијарди долари овој февруари. Тоа беше пред војната во Украина и зголемувањето на каматните стапки го намалија пазарот.

Компаниите фокусирани на технологијата добија удар оваа година бидејќи инвеститорите се повлекоа од средствата што ги сметаат за ризични и потенцијално преценети. Технолошките гиганти како „SoftBank Group“, која ја поддржуваше „Klarna“ минатата година, но сега е надвор од листата на поддржувачи, се најдоа со загуби од милијарди долари.

Извршниот директор Себастијан Сиематковски во серија твитови посочи дека иако „Klarna“ не е имуна на она што се случува, сега е време да се фокусираат на враќање на профитабилноста. Понискиот рејтинг го смета за „невообичаено со оглед на сите нешта што се постигнати, колку сме сега поголеми, подобри и посилни“.

„Она што не те убива те прави посилен“, коментира тој.

„Klarna“ е исто така изложена на влијанието на потрошувачките финансии. Нуди бескаматни заеми за ширење на плаќањата за набавки на повеќе рати, заработувајќи пари така што на трговците малку им наплаќа за секоја трансакција и собирајќи камата на долгорочните заеми.

Иако бројот на клиенти рапидно расте, загубата на „Klarna“ исто така се зголемува, а бизнисот троши стотици милиони долари по квартал. Компанијата пријави оперативна загуба од 2,54 милијарди круни (245 милиони долари) за првиот квартал. Заемодавачот, кој е регулиран од шведскиот финансиски надзорен орган, неодамна го намали персоналот во обид да ги намали трошоците.

Претходните инвеститори кои се приклучија на новата рунда се „Sequoia“, „Bestseller“, „Silver Lake“ и „Commonwealth Bank of Australia“. Новите инвеститори ги вклучуваат „Mubadala Investment Co.“ и „Canada Pension Plan Investment Board“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП