9 декември, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБиљана Драгичевиќ-Пројковска и Исмет Аземи избрани за актери на Европа 2022

Биљана Драгичевиќ-Пројковска и Исмет Аземи избрани за актери на Европа 2022

Синоќа традиционално со церемонија на доделување на наградите, во Сарајот во Ресен заврши јубилејното 20-то издание на Интернационалниот театарски фестивал Актерот на Европа 2022.

Како што е познато, овој фестивал започна летото 2003 година, кога Европскиот парламент го прогласи Преспанското езеро за Меѓуграничен европски парк, меѓу Македонија, Грција и Албанија.

Жирито во состав, Мето Јовановски (претседател), Елена Трјаковска и Владимир Стојчевски, одлучи главната награда „Актер на Европа 2022“ за најдобро актерско остварување да им ја додели на Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, за улогата во „Кармен“ од Драмскиот театар Скопје, како и на Исмет Аземи за улогата во претставата „Четирите еполети“ од Градскиот театар од Митровица, Косово.

Покрај тоа, претставата „Четирите еполети“ се здоби и со наградите за најдобра режија , Хаќиф Мулиќи и наградата „Преспански Дионис“, за косовскиот актер Басри Луштаку.

За најдобра претстава во целина беше прогласена претставата „Пеликанот“,по текстот на А.Стриндберг, во изведба на независната театарска група од ИУ Еуропа Прима – Скопје, во режија на Теодора Сиљаноска.

Претставата „Поетската вечност на Иго и Бодлер“ од Франција, во режија на Патрик Вершуерен ја доби наградата „Жак Лакариер“ за оригинална театарска инвентивност, додека претставата „Синиот портокал“ од Народниот театар Ј.Х.К Џинот од Велес ја понесе наградатата од публиката.

Интересно е да се одбележи дека во 20-годишното постоење, оваа единствена интернационална манифестација на бреговите на Преспанското езеро, има околу 200 библиографски единици во најпознатите европски новински медиуми како „Фигаро“, „Монд“, „Гардијан“ итн., и секоја година, огласите во светските медиуми за фестивалот се се побројни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП