26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКамерон Дијаз откри дека нејзината прва манекенска работа во Париз била сомнителна

Камерон Дијаз откри дека нејзината прва манекенска работа во Париз била сомнителна

Камерон Дијаз верува дека ја користеле како мазга за дрога.

49-годишната актерка сакала да работи како модел кога се преселила во Париз на почетокот на својата кариера, па дури и кога конечно нашла работа, се покажало дека не е сѐ така како што изгледа.

Говорејќи на подкастот Second Life, таа рече: „Почнав да работам како модел на каталог и добив доволно пари за да се преселам во Париз и да добијам стан, кој го делев со девојка која сè уште е една од моите најдобри пријатели.

„Бев таму речиси една година и не работев ниту еден ден. Потоа најдов една работа, но, навистина, мислам дека бев мазга што носеше дрога во Мароко – се колнам на Бога.“

„Тоа беа раните 90-ти, ми дадоа заклучен куфер во кој беа моите „костими“.

Откако стигнала на аеродромот во Мароко и била замолена да го отвори куферот, таа сфатила колку е ризично нејзиното однесување.

„Си помислив: што по ѓаволите има во тој куфер? Русокоса синоока девојка во Мароко, со искинати фармерки и чизми на платформа, несредена коса … ова е навистина небезбедно.“

„Им реков: не знам, не е мој, немам поим чиј е. Тоа бeше единствената работа што ја добив во Париз“.

Камерон го оставила куферот кај цариниците кога се вратила во Франција, и набргу потоа добила улога во својот прв филм Mask („Маска“).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП