7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ: Што има во шишето? Магичен напиток!

Ѓоковиќ: Што има во шишето? Магичен напиток!

Новак Ѓоковиќ повторно ги „збуни“ англиските медиуми, откако по пласманот во своето осмо финале на Вимблдон по победата над Камерон Нори, на прашање што има во неговото шише кое стана „вирално“ на социјалните мрежи последните денови, одговори дека се работи за „магичен напиток“.

Првиот носител предизвика огромно внимание откако во четврт-финалето против Тим ван Рајтховен беше забележан како да инхалира нешто од своето шише.

„Магичен напиток! Не можам да ви кажам повеќе сега, ќе дознаете наскоро“, одговори Ѓоковиќ.

Според британски „Телеграф“, српскиот тенисер, како и многу други професионални спортисти користи таканаречен „изотонски прашак“, односно суплемент кој бргу ги обновува јаглехиратите и кој обично се користи растворен во вода. Во тенисот, вообичаена практика е спортистите да пијат пијалоци или да јадат (вообичаено банани), посебно кога се работи за мечеви во пет сета.

Пред две години на Австралија опен, Ѓоковиќ исто така беше запрашан за пијалоците, кога исто така одговори дека се работи за „магија“ која ја подготвува неговиот физитерапевт. Србинот е познат по својата безглутенска диета и внимателната контрола на состојките кои ги внесува во своето тело.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП