30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBayer сака да го освои рускиот пазар

Bayer сака да го освои рускиот пазар

bayer2

Германскиот фармацевтски концерн „Bayer“ планира до 2017 година да ја зголеми продажбата во Русија за 80 проценти, во однос на 2012 година, на 1,3 милијарди евра.

Годишниот раст на продажбата до 2017 година ќе изнесува 12 проценти. До 2022 година обемот на продажба би можел да надмине две милијарди евра и тогаш Русија ќе биде меѓу десетте најголеми пазари на „Bayer“.

Вкупната продажба во Русија минатата година достигна 726 милиони евра, пренесува Франс прес.

Во првата половина од оваа година обемот на продажба на компанијата е зголемен за 12,5 проценти во споредба со претходната година, вклучувајќи го и движењето на девизниот курс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП