19 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 09-10.07.2022

Викенд хороскоп 09-10.07.2022

Овен (21.03 – 20.04)

Доколку сте се надевале на деловна соработка со странство, викендов е поволен период за тоа. Во љубовта слободните нема да бидат заинтересирани за нова врска, а оние во врска ќе се одлучат да патуваат со партнерот.

Бик (21.04 – 21.05)

Викендов ќе бидете подготвени за многу работа, и ќе успеете да ги завршите сите деловни нешта. Вашиот ладен став многу лесно може да ве одалечи од партнерот, па затоа внимавајте.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ве очекува солидно подобрување на финансиите. Можете да се надевате на генерално поволен викенд. Во љубовта имате потреба да завршите со самотијата доколку немате партнер, а оние во врска или брак ќе уживаат.

Рак (22.06 – 22.07)

Ве очекува важен викенд на деловното поле, во кој ќе сумирате многу нешта. Ќе одлучите кон што сакате да се движите од понеделник. Љубовната ситуација ќе ви биде многу добра.

Лав (23.07 – 22.08)

Викендот ќе ви биде поволен за активностите на работното место. Во љубовта ве очекува интересен настан кој ви го приредил партнерот, опуштете се и уживајте.

Девица (23.08 – 22.09)

Можете да предвидите што ќе се случува на деловен план, а тоа за вас е веќе успех. Во љубовта ве очекуваат изненадувања, дел пријатни, дел не, но сепак скротете ги емоциите и не реагирајте премногу бурно.

Вага (23.09 – 22.10)

Иако ви тежат врз главата некои деловни договори, сепак овој викенд ќе одлучите да паузирате од работата. Во љубовта отворено ќе му покажете на партнерот што очекувате од вашиот однос.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

За време на викендот можно е да се одлучите за некој вид на семеен бизнис. Ќе побарате поддршка од семејството. Во љубовта ве очекува стабилна состојба, ќе бидете во добро расположение.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Сте претрпеле некоја загуба неодамна, па сега и најмалиот денар ќе ви изгледа добро. Не се разочарувајте наскоро ќе дојде подобрување. Викендов ќе ви биде одличен кога станува збор за љубовта.

Јарец (22.12 – 20.01)

Викендов ќе имате силна и нагласена интуиција и треба да ја послушате. Вашето внатрешно чувство ќе ви ги даде сите одговори. На љубовното поле ве очекуваат мали но слатки кавги.

Водолија (21.01 – 19.02)

Имате добри идеи кои се лесно применливи на деловното поле, но оставете ги тие активности за понеделник. Во љубовта ве очекува интересен викенд исполнет со страст и возбуда.

Риби (20.02 – 20.03)

Доколку соработувате со некој Јарец, успехот ви е загарантиран. Можете да се надевате на генерално позитивни околности. Во љубовта ве очекува флерт со некое интересно лице, оние во врска или брак ќе уживааат во стабилноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП