2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDelta Airlines купува 40 Ербаси

Delta Airlines купува 40 Ербаси

airbus1

Францускиот производител на авиони „Airbus“ објави дека „Delta Airlines“, најголемата светска авиокомпанија, од нив нарачала 30 авиони А321 CEO и 10 А330-300

Во соопштението кое го пренесува францускиот весник Капитал, француската компанија истакнува дека станува збор за  многу значаен, историски договор со американскиот авиопревозник, со оглед на тоа што флотата на „Delta Airlines“ ја сочинуваат 728 авиони, а со „Airbus“ не соработувала речиси две децении.

Истиот извор напоменува дека „Delta Airlines“ сепак користи некои авиони од „Airbus“, на почетокот на 2008 година, по спојувањето со компанијата „Northwest Airlines“ и тоа 126 авиони од типот на А320 и 32 од типот на А330.

Авионите А330 ќе бидат испорачани до 2015 година, една година пред моделот А321, се прецизира во соопштението, во кое се додава дека станува збор за модерни, комфорни и ефикасни авиони кои ќе ги задоволат потребите на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП