19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПомал стомак за неколку дена? Можно е! Еве како

Помал стомак за неколку дена? Можно е! Еве како

За да имате помал стомак, не мора да се изгладнувате, дури ниту да бидете на диета. Потребно е само да промените некои свои навики или да ги замените со нови и веќе во рок од неколку дена ќе забележите напредок.

1. Избегнувајте сол

Кога внесувате повеќе сол од вообичаено, привремено ја задржувате водата и течностите во телото, што може да придонесе да чувствувате тромост и да доведе до надуеност. Избегнувајте сол, преработена храна и зачини на база на сол. Исто така, би требало да избегнувате готови јадења од микробрановата печка бидејќи се полни со натриум. Јадете многу овошје и зеленчук кои се богати со вода.

2. Намалете го внeсот на јаглени хидрати

Избегнувајте ги јагледните хидрати како што се пецивата и пастата. Кога ќе го намалите нивниот внес во секојдневната исхрана, вашето тело ќе почне да ги троши залихите на јаглени хидрати кои ги има и при тоа ќе ги исфрли натрупаните течности. Јаглените хидрати може да ги намалите така што за појадок ќе изберете јајца, сендвич со едно парче леб, мисиркино месо и сирење со низок процент на масленост.

3. Заменете го скробот

Поголемиот дел од намирниците кои содржат скроб, како што е компирот, пченката и тестенините, предизвикуваат гасови. Оризот е единствен скроб кој не предизвикува гасови. Пробајте го кафениот ориз кој е побогат со влакна од белиот ориз.

4. Исфрлете го млекото од исхраната

Ако ве измачуваат гасови, се чувствуват тромо и надуено, можеби сте интолерантни на лактоза. Ова им се случува на луѓето кои имаат проблем да го сварат шеќерот од млекото, што може да резултира со појава на грчеви, гасови, па дури и дијареа. Пробајте храна која не е богата со лактоза, како што е тврдото сирење и јогуртот или производи кои не содржат лактоза какво што е бадемовото млеко или оризовото млеко. Алтернатива може да биде и сојното млеко.

5. Избегнувајте алкохол

Избегнувајте го алкохолот неколку дена. Алкохолот предизвикува дехидратација, што ќе го успори вашиот организам. Ако сепак сте претерале со алкохолот за време на викендот, следниот ден започнете го со голема чаша вода.

6. Бидете активни секој ден

Студија спроведена од страна на Универзитетот Барселона сугерира дека блага физичка активност ја ублажува надуеноста. Тоа се случува затоа што се зголемува бројот на отчукувања на срцето, а дишењето стимулира природни контракции на цревните мускули, помагајќи да се спречи затворот, натрупувањето на гасови и го забрзува варењето. Прошетајте после оброците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП