25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДоктор објаснува зошто луѓето умираат во сон: Легнуваат и повеќе не се...

Доктор објаснува зошто луѓето умираат во сон: Легнуваат и повеќе не се будат, а ова се најчестите причини

Смртта не е тема за која луѓето навистина сакаат да размислуваат, а ако прашате некого од вашата околина како сака да го напушти овој свет, веројатно ќе ви каже – во старост, опкружен со сакани, ако е можно, во сон. Но, зошто луѓето умираат во сон?

Ненадејната смрт во сон може да се случи без разлика на пол, возраст или здравствена состојба, па често слушаме дека некој заспал и никогаш не се разбудил… И додека тоа сè уште ни дава доза на утеха бидејќи таа личност не страдала, сепак, нас не загрижува. Зошто умираме во сон?

„Повеќето луѓе кои умираат во сон имаат здравствен проблем кој го предизвикал тоа. Умирањето во сон обично се поврзува со проблеми со срцето, белите дробови или мозокот. Понекогаш луѓето со дијабетес можат да умрат во сон поради ненадејно ниско ниво на шеќер во крвта“, објасни д-р Милинд Совани, пулмолог од Универзитетот во Нотингем.

Но, понекогаш посложени, позабележителни проблеми се причина за смрт во сон. Лекарот нагласува дека неодамна имал пациент кој имал околу триесет години, а починал во сон од Помпова болест, нарушување на складирањето на гликоза во телото кое предизвикува мускулна слабост и проблеми со дишењето.

Доколку имате здравствен проблем, ризикот од смрт во сон се зголемува со одредени положби на спиење. Така, спиењето на грб навистина не се препорачува бидејќи тоа ќе го загрози капацитетот на белите дробови. Проблемите со дијафрагмата исто така може да ја комплицираат состојбата, исто како и невролошките нарушувања како што е епилепсијата.

Ризик е и неконтролираниот висок крвен притисок, односно пациентите со хипертензија кои не земаат терапија. Притисокот ги зголемува шансите за мозочен и срцев удар, а и двете може да се појават во средината на ноќта додека мирно спиеме. Аритмиите, како и проблемите кои бараа инсталирање на пејсмејкер, претставуваат дополнително ниво на опасност. Апнеата, која предизвикува и го стопира дишењето за време на спиењето, е исто така фактор на ризик за ненадејна смрт во сон.

Лекарите советуваат хроничните пациенти да бидат особено внимателни, бидејќи лекувањето на постоечката состојба со адекватна терапија може значително да го намали ризикот од ненадејна смрт во сон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП