26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Ferrari“ ја најави својата иднина - 15 нови производи до 2026-та

„Ferrari“ ја најави својата иднина – 15 нови производи до 2026-та

Во 2018-ма година „Ferrari“ најави дека до 2022-ра година ќе претстави 15 нови производи. Сега компанијата дава ново ветување за периодот 2023-2026 година, во кое би требало да видиме исто толку нови автомобили.

Планот на италијанскиот производител предвидува до 2026-та година точно 40% од гамата да се состои од модели со мотори со внатрешно согорување, 55% да бидат хибриди и 5% да бидат електрични автомобили. За споредба, 80% од продажбата на брендот во 2021-ва година беа автомобили без никаква електрификација, а 20% беа хибридни.

Компанијата е категорична дека сите електрични мотори што ќе ги користи ќе се произведуваат во Маранело. Главните модели, вклучувајќи го и првиот „SUV“ на брендот – „Ferrari Purosangue“, ќе учествуваат со 85% од вкупната продажба, а 10% ќе бидат автомобили од специјални серии, на пример, „812 Competizione“. Последните 5% остануваат за серијата „Icona“ и наследникот на „LaFerrari“. Тоа ќе биде електричен хиперавтомобил со над 1.000 ks, кој ќе го видиме во 2025-та година.

Новата историја на брендот започнува оваа есен, кога ќе биде претставен „Purosangue“. „Ferrari“ најави дека кросоверот ќе добие „моќен и чист V12 мотор“. Самиот модел ќе биде ексклузивен, со цел неговата продажба да не надминува повеќе од 20% од вкупната на марката. Тоа значи дека на секои 5 продадени автомобили на „Ferrari“ во 2023-та година, само еден ќе биде „SUV“.

Засега од Маранело не откриваат каква ќе биде моќта на V12 моторот во „Purosangue“, но познато е дека кај „812 Competizione“ моторот развива 830 ks. Со „Purosangue“, „Ferrari“ ќе им се придружи на „Bentley“, „Rolls-Royce“, „Aston Martin“ и „Lamborghini“ во листата на врвни марки кои имаат свој „SUV“ во својата гама. Се вели дека и „McLaren“ ќе го следи примерот на Италијанците до крајот на деценијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП