24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗа добар почеток на денот: Еве зошто би требало да ја јадете...

За добар почеток на денот: Еве зошто би требало да ја јадете оваа магична намирница

Ова лековито семе многумина го дефинираат како „магично“ семе, намирница која прави мали чудесии во нашиот организам. Еве во што се состои тајната…

Што е чиа семе?

Веруваме дека голем дел од вас и никогаш не слушнале за ова семе, иако тоа постои веќе неколку илјади години. Ацтеките први го споменуваат чиа семето како основна храна која што ја користеле во рамките со религиските обреди, но и во медицински цели.

Кои се основните бенефити од чиа семето?

Чиа е билка која е најбогата со Омега 3 масни киселини, протеини и влакна, а исто така содржи и значаен број на витамини, минерали и антиоксиданси. Чиа семето е одлично за регенерација на кожата, но и за согорување на мастите, го зајакнува организмот и позитивно влијае на органите за варење. Нутриционистите се согласуваат дека чиа семето е едно од најбогатите кое може да го консумирате ако се чувствувате слабо и без енергија, бидејќи влијае на работата на мускулите и ослободува енергија во вашето тело, па токму затоа често го употребуваат токму спортистите. Ова семе содржи и 37 проценти прехрамбени влакна кои ја поттикнуваат работата на цревата. Диетите, односно стриктната исхрана базирана на консумирање на ова семе се покажала како одлична превенција од рак на дебелото црево.

cia-seme1-640x341

Причини за чиа семето да го консумирате секој ден:

– Oвие семе не содржи глутен.

– Поради високата концентрација на влакна го подобрува варењето и ги лекува симптомите на болестите на системот за дигестија.

– Поради 20 процентните Омега 3 масни киселини кои ги содржи, спаѓа помеѓу најдобрите намирници за здравје на мозокот и срцето. Содржи дури осум пати повеќе Омега 3 масни киселини за разлика од лососот.

– Содржи 20 проценти протеини.

– Содржи 8 видови на амино киселини.

– Важи за моќен антиоксидант, има четири пати повеќе антиоксиданти од боровницата.

– Содржи пет пати повеќе калциум од млекото.

– Содржи седум пати повеќе витамин Ц од портокалот.

– Содржи три пати повеќе железо од спанаќот.

– Содржи два пати повеќе калиум од бананите.

– Го поттикнува здравјето на кожата, косата и ноктите.

– Има позитивно влијание на нивелирањето на глукозата во крвта и затоа е одлично и за дијабетичарите.

– Чиа семето е одлична замена за јајцата, само измешајте го со вода за да се направи гел и додадете ги во рецептите како замена за јајца.

DSC_7650

Колку е потребно да се изеде за да се забележи нивното дејство?

Нутриционистите препорачуваат отприлика една лажица чиа семе дневно, а кога ги користите, пијте многу вода бидејќи е многу богато со влакна.

Како може да го консумираме чиа семето?

Чиа семето има многу благ и пријатен вкус, а наједноставен начин за да го консумирате е да го изблендирате во некое смути, или да го ставите во некоја витаминска, лесна салата, а може и да ги консумирате самостојно. Трикот е да го потопите на 15-тина минути во вода, што е сосема доволно за да “порасне” до големина којашто е 10 пати поголема од неговата вообичаена. Како и со овесната каша, колку што е семето поголемо, толку побрзо вашиот стомaк ќе ослободи хормони коишто ќе ве известат дека сте веќе „полни”. Ова семе кога ќе се потопи во кокосово млеко и се изблендира со бадеми и ананас, прераснува во еден многу вкусен, а притоа и многу здрав десерт. Исто така, може да ги додадете во теста кога правите леб и мафини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП